Компанијата за истражување на вселената SpaceX вработи 14-годишно момче како софтверски инженер, кој интервјуто за работа го опиша како „технички предизвикувачки“ и „забавно“.
„Ќе се приклучам на најдобрата компанија на планетата како софтверски инженер во тимот на ‘Старлинк’. Ова е една од ретките компании што не ја искористи мојата возраст како арбитриран и застарен доказ за зрелост и способност“, напиша Каиран Квази на својот профил на LinkedIn.
Тој ја напишал пораката во пресрет на дипломирањето на Факултетот за инженерство на Универзитетот Санта Клара, со што е најмладиот човек што го сторил тоа во 172-годишната историја на оваа образовна институција, пишува Сиетл Тајмс.
Заради работтаа, тој планира да се пресели со својата мајка од Плезентон, Калифорнија во Редмонд, Вашингтон, каде што е седиштето на SpaceX.
Дека не станува збор за вообичаен четиринаесетгодишник, неговата мајка знаела кога само на две години почнал да зборува и да комуницира со целосни реченици. Во градинка на своите врсници и наставнички им кажувал вести и интересни работи што ги слушнал на радио, пишува Лос Анџелес Тајмс.
Откако училишната програма во трето одделение не му била доволно предизвикувачка, неговите родители, по консултации со експерти, го запишале на Државниот колеџ во Калифорнија на само девет години.
„Тамо нивото на учење совршено ми одговараше“, рекол за ЛА тајмс.
Истата година според спроведените тестови за интелигенција бил рангиран на самиот врв на населението, пишува магазинот BrainGain.
Квази неколку месеци подоцна почнал да стажира на проектот за вештачка интелигенција во „Интел лабс“, а на 11-годишна возраст се префрли на Универзитетот Санта Клара за да студира компјутерски науки и инженерство.
Минатата година, поминал четири месеци како стажиста на проект за машинско учење во компанијата за сајбер разузнавање Blackbird.AI. Квази им помогнал да создадат софтвер за откривање на статистички аномалии, кој пронаоѓа и означува содржини на социјалните мрежи со кои е тајно е манипулирано.