Приватната американска компанија SpaceX и Европската вселенска агенција (ESA), потпишаа договор за две лансирања следната година, со по два сателита Galileo. Конечен збор ќе имаат Евроспката комисија и земјите членки, кои ќе треба да го одобрат овој договор. Благодарение на финансиската рамка од 13,202 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година, Европската вселенска агенција ќе обезбеди развој на главните вселенски програми. Со тоа, ЕУ ќе ги зголеми вложувањата во вселенскиот сектор, ќе ги прилагоди вселенските активности и технологии и ќе ја зајакне автономноста во пристапот до вселената.
Вселенскиот сектор во ЕУ вработува повеќе од 231.000 луѓе. Неодамна SpaceX распореди дополнителни 44 Starlink сателити, проширувајќи ја својата флота на над 5.000 мали сателити во ниската Земјина орбита.