Двата сегменти на ракетата – горниот Starship и долниот погонски Super Heavy се споени во постројката на Space X во Тексас. Поради висината од околу 120 метри, сите претходни ракетни системи во однос на овој се чинат како џуџести. Кога конечно ќе полета, оваа ракета ќе има двојно поголем потисок од ракетата која ги испрати луѓето на Месечината. Првиот чет е закажан за крајот на 2021 година. Извршниот директор на компанијата, Илон Маск го нарече спојувањето на ракетата „сон кој стана јаве“. Тој додал дека Starship ќе биде способен да ги однесе луѓето на Месечината и на Марс. Во моментот најмоќната ракета во употреба е Falcon Heavy, исто така развиена од страна на Space X.