Насловна / Вести / ЈСП од следната година ќе започне со набавка на електрични автобуси

ЈСП од следната година ќе започне со набавка на електрични автобуси

Набавката на 50 електрични автобуси, односно 20 зглобни автобуси кои имаат капацитет за најмалку 150 патници и 30 минибуси на електричен погон, ќе започне на почетокот на следната година.elektro-bus

ЈСП во среда ја објави поканата за изразување интерес за учество во меѓународен повик за доделување договор за нивната набавка, кои треба да се достават најдоцна до 18 декември.

Од ЈСП сметаат дека главна цел за набавка на ваков вод автобуси е заштитата на животната средина, како и подобар и поефикасен јавен превоз.

Испрати коментар

Scroll To Top