Еден од условите за одржување на Светското фудбалско првенство во Катар, бил климатизација на сите осум стадиони каде се играат натпреварите. И покрај загриженоста дека климатизациски системи не можат значително да ја спуштат температурата на отворените стадиони, сите осум терени имаат специјално проектирани климатизациски системи. Станува збор за технологија која е развиена во соработка со „Универзитет Катар“, а користи соларна енергија за напојување на вентилаторите пред и после клима коморите.
Освен климатизирањето на воздухотво однос на температура и влажност, се користи и нова технологија за фино прочистување на воздухот. Ова е особено корисно за оние кои имаат проблеми со алергии, бидејќи воздухот на стадионите е навистина со добар квалитет. Применетата технологија е 40% поодржлива од постоечките, а процесот нa климатизација е доволно да стартува два часа пред почетокот на натпреварите. Стадионите се климатизираат на температури помеѓу 18 и 24 степени Целзиусови.