Насловна / Вести / Создадено најголемото вештачко Сонце

Создадено најголемото вештачко Сонце

Vestacko sonce-sijalici

Проектот „Synlight“ нуди нов начин на добивање водород од водата. Германските научници го создадоа најголемото вештачко Сонце на светот со цел добивање на „зелено гориво“. Низата од 149 филмски проектори со ксенон ламби (xenon short-arc lamps), кои можат да се фокусираат на површина од 20×20 cm и создаваат 10 000 пати посилна светлина од Сонцето, го сочинуваат системот „Synlight“. Системот е создаден во вселенскиот центар во Германија во близина на Келн. Целта на проектот во рамките на Институтот за соларни истражувања во Германија, е пронаоѓање нови начини на добивање водород кој би се користел како гориво за автомобили и авиони без емисија на CO2.

Große künstliche Sonne "Synlight"

Со фокусирање на ламбите во една точка се создава топлина од 3000 C, а настаната водена пареа понатаму се разложува на водород и кислород. „Synlight“ троши многу енергија, односно за четири часа троши еквивалент на годишна потрошувачка на едно домаќинство. Сепак, целта на проектот е да се користи вистинското Сонце за генерирање на водород, а не вештачко. Патот до комерцијална употреба е долг, а за тоа ќе бидат потребни милијарди тони водород.

Vestacko sonce

Државите се под постојан притисок заради обврските за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, но сепак комерцијалното користење на водородот како гориво може да се случи само тогаш кога ќе биде јасно дека понатамошното користење на фосилни горива веќе не е можно.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top