Насловна / Екологија / Создаден материјал поцврст и од дијамантот!

Создаден материјал поцврст и од дијамантот!

dijamantska struktura vestacka

Тим научници од Универзитетот Северна Каролина развиле нов облик на цврст јаглерод, кој се  разликува од познатите графитни и дијамантски структури. Истражувачите сметаат дека е малку  веројатно таков материјал да се пронајде во природата, освен можеби во јадрата од некои планети.

Наместо тоа, тој се прави во лабораторија. За да успеат во тоа, научниците ја премачкуваат површината како стакло со аморфен јаглерод. Потоа на сцена стапува „тајната состојка“. Научниците насочуваат ласерски сноп на секои 200 наносекунди. Процесот предизвикува  рапидно загревање (на 3.727 степени Целзиусови) и ладење  на аморфниот јаглерод.

Резултатот е наречен “Q-carbon”. Во објавеното истражување casino online во Journal of Applied Physics, научниците објаснуваат дека новиот материјал е потврд од дијамантот, и има низа други предности. Сепак, постојат одредени ограничувања и причини зошто сме сè уште далеку од комерцијална примена. Научниците досега успевале да произведат само фини слоеви од овој материјал односно 20 до 500 нанометри дебелина – околу 100 пати потенки дебелини од влакно од косата.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top