Насловна / Вести / Совршено уреден ресторан во Мадрид во кој доминира мермер

Совршено уреден ресторан во Мадрид во кој доминира мермер

Сведоци сме на некои архитектонски трансформации, но ова што следи е вистинско чудо. Се работи за гаража која е претворена во луксузен и раскошно уреден ресторан наречен „Ромола“, кој се наоѓа во Мадрид. Неговата карактеристика е во тоа што во него доминира мермер, силно зелена нијанса и подеднакво енергични дополнителни елементи.мадрид (6)

Иако на прв поглед делува како „колоритен хаос”, ресторанот во ентериерска смисла остава впечаток со својата атрактивност и величественост, и токму тоа неговите архитекти сакале да го постигнат. Иако е во прашање ресторан, тој е поделен на зони, така што помал дел е резервиран и за кафе бар. Она што исто така упаѓа во око се висечките  растенија од таванот, како и остатокот од флората што совршено се вклопува во преостанатото доминантно колоритно, веќе споменато, зеленило.мадрид (1) мадрид (2) мадрид (3) мадрид (4) мадрид (5) мадрид (7) мадрид (8) мадрид (9) мадрид (10)

Испрати коментар

Scroll To Top