Сместена во зеленото предградие Атола на Јоханесбург, оваа современа резиденција е најновото дело од страна на студиото Nico van der Meulen Architects.
Дизајнирана е така што го импресионира секого што ќе ја погледне. Именувана „Сари“, таа е совршено олицетворение на луксуз, удобност и функционалност во минималистичко опкружување. Клиентите за кого е изградена оваа вила, претходно поседувале скромна еднокатна куќа, која имала ограничен поглед и пристап до градината. Била темна и затворена, и затоа сакале да ја трансформираат во сосема спротивно – во добро осветлена вила со отворен простор и современ стил. Најголемиот предизвик бил природната светлина да стигне во секоја соба, а архитектот Werner van der Meulen совршено се изборил со овој проблем.
Стариот покрив бил заменет со „пловечки“, што резултира со природно осветлена дневна соба и креирање на дополнителни спални соби за гостите. Атриумот на вилата овозможува сончевата светлина да влезе во секоја нејзина просторија и совршено да ја исполни со топла магија.
Преминот меѓу внатрешноста и надворешноста на оваа вила е практично невидлив кога сите лизгачки врати се отворени. Вилата овозможува лесна интеракцијата помеѓу кујната, дневната и семејната соба. Дневната соба има поглед на базенот, со што домаќините имаат прекрасен видик во сета убавина и модерност на ваквото опкружување.