Насловна / Арт и дизајн / Совршени подароци за Денот на вљубените!

Совршени подароци за Денот на вљубените!

Денот на вљубените е еден од оние празници кои претставуваат вистински предизвик за креативност. Но, предизвик во кој треба да се ужива. Суштината е во концептот на заеднички моменти, а подароците се приказна сама по себе. Она што ги разликува од подароците во други прилики е тоа што од нив се очекува да имаат романтична компонента, но и да откријат колку добро се познаваат партнерите. Значи, важно е да се избере она што совршено одговара на вкусот и стилот на личноста на која му се подарува, неговите желби и очекувања. Ова не значи дека ефектот на изненадување не е добредојден.

podaroci

Еве некои предлози за подароци за Денот на вљубените:

1. Зборувајте го јазикот на љубовта. „Love Tide“ е оригинален подарок, подарок што води директно до срцето. Ако сакаме некому да му објавиме љубов – родител, партнер, пријател или кој било друг, „Love Tide“ ќе го направи тоа наместо нас затоа што го зборува јазикот на љубовта. Помошна столица, мала столица, шанк табуретка – има разновидни, со тапацирано седиште или дрвено во разни бои и секако во гформа на срце. Сите се направени од висококвалитетно цврсто дрво, симбол на топлина и издржливост.

podaroci1

2. Софистицирано, луксузно и многу лично: чаши за коктел, мартини со позлата од 22 карати. Нема сомнеж дека овој пар екстремно елегантни кобалтни чаши ќе траат цел живот. Тие се исклучително впечатливи и нивната посебна вредност е што се рачно нацртани. Да не зборуваме за романтичното значење.

podaroci2

3. Најромантичната љубовна приказна: Комплетот за чај Пепелашка се состои од три дела, рачно насликани и збогатени со 22-каратна позлата. На вредност му додава и традицијата која му одолева на времето: комплетот потекнува од фабрика основана во 1744 година, третото најстаро производство на порцелан во Европа! Симболично, во истиот век се родени браќата Грим, автори на најромантичната бајка за Пепелашка, приказна за љубовта со среќен крај. По потекло од Санкт Петербург, комплетот Пепелашка е подарок кој остава исклучителен впечаток.

podaroci3

4. Моќта на нежноста: Мотиви од најпознатиот балет во светот „Лебедово езеро“ рачно насликани на чаши од царски порцелан. Дали постои поефективен начин да се обожава нешто префинето и вредно и да се пренесе романтична порака во исто време? Комплетот Лебедово езеро, шолја и послужавник – изработен од порцелан со врвен квалитет збогатен со 22 каратна позлата.

podaroci4

5. Црвена, симбол на љубовта: комплет за шест лица Корал со придружни послужавници, шест десертни чинии, чајник и сад за шеќер е направен од најфиниот, речиси проѕирен порцелан. Рачно е насликан, а црвената боја како доминантен мотив е една од најчестите асоцијации со љубовта. Порцеланот е царски, фабриката за порцелан ја основала царицата Елизабета, ќерката на Петар Велики. Традицијата и моменталната светска репутација го прават овој подарок многу вреден, затоа се подарува на личност која заслужува таква вредност.

podaroci5

Испрати коментар

Scroll To Top