Насловна / Архитектура / „Совршени“ градови

„Совршени“ градови

Она што е заедничко за градовите од оваа листа уредена од страна на CNN, e нивниот облик кога се набљудувани од воздух. Тоа што го опишуваме како „совршено“ не е само до субјективната перцепција… Имено, во 16-тиот и 17-тиот век се верувало дека станува збор за навистина совршени градови – по својата архитектура и ускладеност со потребите на човекот. Служеле како добри урврдувања во време на војни, па не чуди што многу од нив се токму на границите на некогашните држави и царства. И Карловац во Хрватска бил таков град. Велиме „бил“, затоа што веќе ги нема своите ѕидини, но сеедно вброен е во оваа легендарна листа.

karlovac

Холандија предничи по бројот на „совршени“ градови односно градови во облик на ѕвезда. Така се истакнуваат  Naarden, Heusden, Willemstad, Bourtange и Brielle. Причината поради која Холандија има толку голем број градови во облик на ѕвезда, може да се бара во нејзината положба. Поради нискиот терен не било можно да се градат дворци и утврдувања на ридови, па ова бил практичен начин за обдрана.

bourtange

neuf

 

Во Португалија такви се  Almeida и Elvas, во Полска  Zamosc, а во Франција Neuf-Brisach. Во Италија се истакнува Palmanova, изграден од страна на венецијанските архитекти.

terezin

 

Во Чешка воодушевува Terezin, некогашен политички затвор, каде пред крај на Првата светска војна починал Гаврило Принцип. Уште една мрачна епизода од историјата го обележила ова место: во текот на нацистичката окупација Terezin служел како гето за затворениците пред нивното испраќање во логорите на смртта. Денес тука се наоќа музеј.

Испрати коментар

Scroll To Top