Насловна / Вести / Совршени цвеќиња за вашата канцеларија

Совршени цвеќиња за вашата канцеларија

Одгледувањето растенија во вашата канцеларија е докажано дека придонесува за дополнителни здравствени бенефиции, посвеж воздух поради тоа што ја зголемуваат влажноста на воздухот, го апсорбираат карбон диоксидот и истовремено го разубавуваат просторот. Меѓутоа, ретко кој може да најде време во зафатените работни часови да одржува одредено растение, поради тоа изборот треба да се сведе на растенија за кои е потребно да одвоите минимум од вашето време.

Класичните внатрешни растенија коишто можат да преживеат во темни и суви простории, прашливи простории и не бараат постојано наводнување. За подобар изглед може да се постават во модерни саксии. Може да користите алое вера како еден од најдобрите прочистувачи на воздухот, потоа растението пајакова или шарена трева како едно од најотпорните растенија коешто долго време може да издржи без да се наводнува. Исто така, едно од растенијата што може да успее во влажни услови и малку светлина е т.н. Sansevieria trifasciata ‘Laurentii’ кое дополнително го прочистува воздухот од штетни материи. Брзо растечкиот ползавец е едно од ретките растенија што може да ги заджи листовите зелени дури и во најмрачните простории. Потоа змаевецот и бршленот се зелени растенија кои дефинитивно ќе ја разубават вашата канцеларија. Кринот, азалеата и герберот само ја надополнуваат листата на растенија кои може да успеат во затворени простори.

цвеќе-1-

Алое вера

цвеќе-2-

Пајакова трева

цвеќе-3

Sansevieria trifasciata ‘Laurentii’ 

цвеќе-4

Брзо растечки ползавец

цвеќе-5

Змаевец

цвеќе-6

Бршлен

цвеќе-7

Крин

цвеќе-8

Азалеа

цвеќе-9

Гербер

Испрати коментар

Scroll To Top