Насловна / Архитектура / Совршена вила за одмор во Тоскана која маѓепсува со својата барокна атмосфера

Совршена вила за одмор во Тоскана која маѓепсува со својата барокна атмосфера

Првично таа била фарма која подоцна е претворена во вила каде што извесно време живеел кардиналот Фабио Чиги, подоцна папа Александар VII. Кога дошла во негова сопственост, тој дополнително ја уредувал и ја трансформирал во имот кој, во смисла на проект, подоцна го продолжил ангажираниот архитект Карло Фонтана. Денес тоа е магичен објект – Villa Cetinale, во сопственост на британско аристократско семејство, кое му даде сосема нов живот. Вилата има завидна 3.300 квадратни метри и е во функција на куќа за одмор.вила (6)
Во неа преовладува барокен стил кој е зачинет со најнови современи парчиња мебел кои совршено се вклопуваат во целата атмосфера и во историјата на самата куќа. Има 13 спални соби и ѕидови и фрески кои се реновирани за да се зачува автентичноста на овој вреден имот кој има долга историска приказна. Освен прекрасниот ентериер кој можете да го видите на фотографиите, има совршен базен, како и богата природа што ја опкружува куќата од сите страни. Вилата се наоѓа во близина на градот Сиена, седиште на истоимената провинција во италијанскиот регион Тоскана.вила (1) вила (2) вила (3) вила (4) вила (5) вила (7) вила (8) вила (9) вила (10) вила (11)

Испрати коментар

Scroll To Top