Иако се наоѓа во подрумот на еден трговски центар во Пекинг, што можеби на прва звучи прилично одбивно, овој ресторан е местото каде што би сакале да одите, бидејќи изгледа едноставно прекрасно. Брилијантниот проект е потпишан од архитекти на бирото SODA кои имаат свои канцеларии во Париз, но исто така и во Пекинг, а во нивната работа тие често го ставаат акцентот на комбинацијата меѓу архитектура и уметност.
Темата на нивното последно уредување е подводниот свет на малку поинаков начин, а и самото име на ресторанот Blufish сугерира дека која им била мотивацијата. „Пинк“ нијансата е главниот акцент што е „згаснат“ со детали во боја на злато и разните нијанси во виолетова, сина и розова боја. Она што привлекува големо внимание е убавата, ефективна и проѕирна визуелизација на таванот.
Дека архитектите се во трендот сведочат и мермерните маси, кои во моментов се најголем хит во дизајнот на ентериери. Она што архитектите сакале да го постигнат, дефинитивно и успеале, а тоа е релаксирачко место со медитерански призвук.