Веројатно секој од нас копнее да има куќа на планина, море или река, каде што може да се повлече кога ќе му треба, и да ги почувствува смирувачките привлечности на природната средина.
Сепак, поради високите трошоци за изградба и опремување на куќата, многу често не сме во можност да си дозволиме друг дом. Затоа архитектите на московското студио Artem Babayants Architects одлучија да понудат прифатливо решение и за идните сопственици и за природата.
На само 5×5 метри, архитектите создадоа удобен простор каде што две лица можат удобно да престојуваат. Наречена „Куќа 30“, куќата е подигната 60 сантиметри од земјата, и е поткрепена со четири столба. Благодарение на таквиот дизајн, куќата остава минимално влијание врз природната средина.
Куќата содржи сè што е потребно за престој, на 21,45 квадратни метри корисен простор. Дневната област вклучува кујна поврзана со дневната соба, додека во посебните простории има спална соба и бања.
Големите прозорци пуштаат многу природна светлина и им овозможуваат на сопствениците да уживаат во погледите на околината.
Како друга предност, архитектите наведуваат дека куќата може да се постави насекаде во светот без потреба од тешка механизација.
Овој проект го освои првото место на меѓународниот архитектонски натпревар „Architecture, Construction & Design Awards 2020“ во категоријата приватно домување, потоа втора награда на конкурсот „Global Future Design Awards 2019“ и наградата Интерн.