Архитектонското студио Ofist дизајнира совршена мансарда во центарот на Истанбул.
Клиентот посакал вистинска машка мансарда подредена на неговиот стил на живеење. Се наоѓа во стариот кварт Karakoy, кој во последниве години станал многу трендовски дел од Истанбул за младите бизнисмени.
Мансардата се протега на 180 метри квадратни, а според желбите на клиентот како доминантен материјал е користено дрвото за да се воведе доза на топлина и природа. Просторот нема тераса и архитектите затоа одлучиле да ја зголемат прозорците и да се направат стаклени ѕидови кои создаваат впечаток дека целата дневна соба е една голема тераса.
За поголем проток на светлина направен е и голем прозорец, кој дополнително ја осветлува дневната соба. Во кујната доминира голем камин и бетонска работна површина која се претвора во трпезариска маса. Со користењето на бетонотот архитектите во просторот внесле модерен индустриски шарм. Бетонот освен во кујната е искористен и во бањата и во спалната соба.
Во дневната соба е поставена огромна железна структура со полици која во долниот дел служи како регал и основа за телевизор, додека кај галеријата се трансформира во мала библиотека и орман. На овој начин, архитектите го избегнале редење на повеќе конструкции и затоа ова е една голема максимално искористена и визуелно многу ефикасна конструкција. На галеријата до која водат железни скали се наоѓа спална соба и бања. Исто како во кујната, така и во спалната соба е искористена голема бетонска основа на која е поставен кревет.