Maison Deux е нов дизајнерски бренд на пазарот. Нивната работа била претставена на Недела на дизајн во Париз, а им следи нивно претставување на Недела на дизајн на Холандија во Ајндховен. Нивните производи може да се купат во дел од земјите низ Европа, но исто така и во САД.
Брендот се гордее со користењето на само природни материјали во изградбата на нивните дела, а како инспирација се наведуваат различни детски приказни за „оживување“ на мебелот.
Главната цел на Maison Deux е да се создадат различни типови на производи за деца и родители, кои ќе им бидат забавни за користење на децата, а во исто време ќе бидат дизајнирани во минималистички стил.
Токму на овој начин, детските играчки совршено ќе се вклопуваат во современите домови. Освен текстилните производи, дрвените сложувалки и сликовници, во асортиманот може да се најдат и т.н. иновативни лулашки за домашна употреба. Иако обично се произведуваат во форма на различни животни, брендот претставува верзии инспирирани од облаци, шапки и овошје.