Дизајнери од Piret Johansson Studio ja завршиле својата работа на целосно реновирање на еден убав и простран стан во Париз. Со површина од околу 150 квадратни метри, овој стан сега има отворен и просторен план и редизајнирани кујна, бања, спална соба и плакари.
Наместо отстранување на било која карактеристика од деветнаесеттиот век, од кога постои овој простор, тие се оставени и инкорпорирани во новиот дизајн, како совршен контраст на модерните детали.
Дизајнери користеле уметнички дела од приватната колекција на сопственикот. Во трпезаријата се наоѓа маса Glas Italiа која е поврзана со vintage Thonet столици и две црни Kartell столици. Неонското осветлување е дело на Gun Gordillo.