Еден хотел што можете да го додадете на листата кога сте во Лондон и кога имате финансиска можност е да поминете една ноќ во гламурозен, ретро хотел „Хенриета“, кој се наоѓа на улица „Ковент Гарден“ – место каде што може да се најдат голем број уметници. Како визија „Хенриета“ доаѓа од страна на група париски пријатели од детството кои стојат зад лондонските Experimental Cocktail Club и La Compagnie des Vins Surnaturels.
По осум години во барскиот бизнис, тие одлучиле да се обидат и во хотелската индустрија, со лансирањето на „Ле Гран Пигал“ во Париз, а сега го донеле лудото гостопримство и препознатливиот елегантен дизајн и во Лондон. Дизајнот бил надгледуван од Дороте Меиличзон, која исто така, била зад „Ла Гран Пигал“, но и голем број други истакнати париски бутик хотели.
Секоја од 18-те соби е внимателно обработувана во деталите, од декоративни мермерни детали во бањата до рачно изработени плочки инспирирани од шеесеттите години на 20 век. Во прилог на извонредна услуга во собите, можете да очекувате и одлична понуда на оброци и пијалоци во ресторанот и барот. Хотелот, исто така, соработува со околниот фитнес центар, ако е потребно. Заедничките простори се ограничени на бар и ресторан, а нивниот изглед доволно зборува за врвниот ентериер и естетика.