Насловна / Ентериери / Совршен ентериер за уживање во сладолед

Совршен ентериер за уживање во сладолед

moritz ice beograd_06

Сладоледи од тиква, морков, диња, ѓумбир, пченка, шафран, се само некои од над 50 вкусови кои се продаваат во популарното место за сладоледи Moritz Eis, кое се наоѓа на улица „Вук Караџиќ 9“ во Белград. Сите сладоледи се направени од природни состојки, а на импресивната листа на вкусови постојано се додаваат нови и имагинативни комбинации.

За овој простор да стане едно од омилените туристички места на белграѓани, заслужен е тимот на познатото архитектонско студио Fluid:Architecture (Ѓорѓе Гец, Невена Пивиќ, Вања Оташевиќ, Зорана Васиќ ). Минималистичкиот долен кат во кој доминира бела боја e прочистен од сите детали. Како централен дел се издвојува простор за служење на сладолед и полици на кои се наредени шарени чаши и корнети.

Заради просторното осветлување, чашите изгледаат како забавна инсталација. Горниот кат е опремен како удобна дневна соба за опуштање и пробување на омилениот вкус на сладоледите на Moritz Eis.moritz ice beograd_11 moritz ice beograd_10 moritz ice beograd_04 moritz ice beograd_09 moritz ice beograd_03 moritz ice beograd_08 moritz ice beograd_07 moritz ice beograd_05 moritz ice beograd_02 moritz ice beograd_01

Испрати коментар

Scroll To Top