Предметот на интервенција е всушност атриумот на еднокатна станбена структура, изградена на издолжена парцела со ширина од пет метри, во внатрешноста на градот Мелбурн.
Со дислокација на постоечката кујна и бања, идејата е да се креира простор кој ќе ги опслужува новиот дневен и трпезариски простор, да се подобри пристапот на природно осветлување кон основната дневна просторија и спалните соби, додека на постоечката структура, изградена во викторијански стил, е изведено само реновирање.
Следејќи ги функционалните барања на клиентот, дизајн стратегијата на студиото FMD Architects се фокусира на потенцирање на особеностите на секој сегмент од целината.
Дрвените греди во внатрешноста ја формираат нишката што го поврзува новиот дневен простор кон постоечките содржини и кон западно ориентираниот двор. Во дворот, на крајот на дрвената конструкција стратешки е позиционирано огледало со цел визуелно да се прошири просторот и да се креира еден фиктивен расплет на нишката, зад која се сметени сервисните простории. Дрвената гредна конструкција постепено се испреплетува кон западната фасада на објектот за во иднина да може да користи како потпора за зелен ѕид, предвиден за оптимизација на навлегувањето на сончевите зраци кон дневниот престој.