Стара и напуштена катна гаража во Сан Франциско беше трансофрмирана во современи канцеларии за работа во сопственост на Charles F. Bloszies. Долниот дел на објект е изработен од стаклена фасада, додека на горните нивоа фасадата е изработена од алуминиум. Помеѓу старата фасада и новата алуминиумска фасада има поставено лед сијалици кои што ја менуваат својата боја. Освен дизајнот на самиот објект, посветено е и внимние на уредувањето на околниот простор, односно уреден е дворот на улицата Folsom Street, и отворениот простор на улицата Third Street кој што прераснува во урбан простор. Овие два простори истовремено служат како влезови и пристапи до објектот.
Mozebi e ova edna dobra ideja za nekoi od nasite novi “barokni” garazi, i onaka se prazni.