Традиционалните масички за кафе веќе не се единствениот начин за декорирање на елегантна и луксузна дневна соба. Како и сè друго, масичките за кафе добиваат нови и оригинални форми и дизајни кои ќе направат секоја дневна соба да изгледа поинаку од вообичаените ентериери.
Ако сте љубител на индустрискиот стил, вашите масички за кафе треба да бидат едноставни од аспект на дизајнот, како дрвена масичка на тркала. Тие имаат свој единствен шарм и дух. Може да изберете луксузна масичка за кафе со метални акценти, или пак ако сакате современ стил со примеси на елеганција, тогаш стаклените масички се вистинска работа. Тие изгледаат многу елегантно и го менуваат амбиентот на целата просторија.
Округлите масички за кафе не се толку креативни колку што се традиционални. Но, ако се решите за сјајна бела столичка, вашата соба ќе добие повеќе од посакуваниот стил. Многу нешта може да се користат како масички за кафе; на пример, „vintage куфер“. Тој ви дава можност да ги сместите вашите книги и списанија, а истовремено да биде совршен декор на вашиот ентериер.