Ако некогаш сте се запрашале како изгледа кога ќе се спојат шпански и скандинавски стил во однос на дизајнот и архитектурата, тогаш оваа вила е вистинскиот одговор. Оваа прекрасна градба, поточно куќа за одмор, се наоѓа на Ибица. Сместена на еден рид надвор од градот Санта Гертрудис де Фруитера со прекрасен, магичен поглед на шумата, но и на морето.
Вилата е дело на британската архитектка Cate Watts, сопственичка на студиото Urban Village Design, а се работи за објект кој се протега на 70000 квадратни метри.
Нејзиниот заштитен знак се препознатливте кубуси кои ја сочинуваат самата конструкција, а тука се и белината, нежните смирувачки тонови кои вешто соработуваат со минимализмот на објектот, со дрвото како материјал и веќе споменатиот скандинавски стил.
„За мене просторот, осветлувањето и текстурата се важни како во ентериерот така и во екстериерот. Сакав, исто така, да реферирам и на традиционалната архитектура на поднебјето во кое се наоѓа вилата, како што се заоблените рабови кои преовладуваат тука“, ја објаснува Watts својата визија за овој голем проект.
Покрај тоа, предноста на оваа куќа за одмор во шпанскиот архипелаг е и отворениот базен опкружен со природата и цвеќињата.