Куќите или вилите за одмор денес често изгледаат сосема различно од она на што сме навикнати. Наместо едноставно уредени и функционални куќи, денес се повеќе гледаме луксузни објекти уредени според најновите дизајнерски трендови.
Таков пример за ова е дефинитивно Casa N. Се работи за проект на познатото архитектонско студио од Перу, Cheng+Franco.
Клиент кој ги ангажирал сакал да добие раскошна летна резиденција за одмор, и тоа на земјиште кое се протега на дури 24 хектари.
Таа се наоѓа во регионот Piura, на западниот брег на земјата и обезбедува целосен мир и изолација.
Резиденцијата е направена од ниска легура на челик, односно материјал отпорен на корозија, а опкружена е со пространа градина и голем базен. Иако екстериерот сугерира минималистички дизајн, во уредувањето на ентериерот не е толку присутен. Она што прво се забележува во поглед на внатрешноста се екстравагантните црвени скалила, но и голем број на други црвени детали, како што се софи и фотелји.
Куќата се состои од три ката, а секој е уреден во сличен стил, имајќи ги претежно земјаните тонови.