Насловна / Арт и дизајн / Современа верзија на древните кинески квартови

Современа верзија на древните кинески квартови

­­Архитектонското студио ZАО/standardarchitecture, предводено од Zhang Keom, неодамна заврши амбициозен проект на трансформација на к­­­­инески хутонзи, древни делови на кинески квартови, специфични за Пекинг. Тие, без оглед на нивната уникатност и значење, со времето станувале се повеќе запуштени и токму со овој проект сакало да се промени таквата негативна состојба.hutinzi-sovremeni-4

Традицијата во кинеското општество игра важна социјална улога, и на овој начин се сака да се покаже важноста на зачувување.

Целта на проектот Micro Hutang Renewal била да се покаже како традиционалниот хутонг може да биде збиралиште за заедницата, место за културни настани, но, исто така, и совршено место каде што децата можат да се играат. Првиот реновиран хутонг бил Cha’er, во близина на главниот плоштад Тјенанмен.hutinzi-sovremeni-5

Некогаш таму се наоѓал храм, па станбена зграда, а денес, благодарение на овој проект, се наоѓаат детски игралишта, библиотека и уметничка галерија. Во сличен тон се реорганизирале и други слични делови на градот, а особено е интересно да се види како архитектите успеале да создадат модерни конструкции, кои ни на кој било начин не го загрозуваат духот на традиционалните хутонзи.hutinzi-sovremeni-3

Проектот бил претставен на Венециското биенале на архитектура.hutinzi-sovremeni-2 hutinzi-sovremeni-1

Испрати коментар

Scroll To Top