Проектот вклучува современа трансформација на станбен објект во Лајден, Холандија, во куќа за привремено домување за семејство кое живее во Париз. Примарната желба на клиентите била во релативно малата квадратура од 76 м2 да се обезбеди непречена просторност и природно осветлување за сите функционални содржини.
За добивање на поголем функционален простор, внатрешноста е целосно ослободена од преградните ѕидови, кои потоа се заменети со нов дизајниран дабов ентериер, во чиј склоп се интегрирани и скриени различни содржини. За да се максимизира пенетрацјата на природното осветлување, дневниот простор позициониран на приземјето е целосно застаклен со лизгачки врати, додека пак на катот осветлувањето е изведено со кровни прозорци. Сите прозорски отвори се ориентирани кон задниот дел на објектот, со што уличната фасада ја задржува својата првобитна состојба, затскривајќи ја современата трансформација како дел од еден помистичен свет…