Архитектонското студио Ailtireacht со седиште во Даблин, изврши реконфигурација на стара куќа од 18 век со додавање на уште еден кат и дополнително проширување кон нејзиниот двор.
Во нејзините претходни реновирања, оваа куќа била поделена на 11 станови и исто така била сменета оригиналната фасада од тула. Поради малата површина на еден од становите, сопствениците побарале проширување на просторот за сметка на дворот. Архитектите додале нов волумен кој се карактеризира како флексибилен простор, кој може да се користи како гостинска соба, канцеларија или соба за играње. Целиот волумен е покриен со панели од црно нетранспарентно стакло како контраст на околината.
Врата со големи димензии изработена од темна дрвена рамка ги поврзува трпезаријата со терасата. Куќата е поврзана со нивото на тревникот преку скали, а целиот тој простор е заграден со висока ограда.
Во ентериерот масивните скали изработени од дабово дрво го поврзуваат новото проширување со трпезаријата и дневната проторија на првиот кат. На овој начин се интегрираат современите неформални простории на приземјето со задржаните структури на погорните катови. Кујната изработена од мермер е сместена под новите скали.
Мебелот во дневната прсторија е кадифен, а просторијата е надополнета со камин. На третиот кат се наоѓаат три спални простории. Подовите се изработени од дрвен паркет, додека ѕидовите и таваните се во едноставна бела боја. Плакарите се скриени зад темните дрвени панели.