Ако некогаш сте се нашле во израелска Јафа, тогаш знаете дека тоа е еден од најстарите делови на Тел Авив, кој внимателно се одржува и се внимава на целокупната визија.
Така и станбените згради кои таму се градат главно се во согласност со околината.
Modern Cave е еден од поновите резиденцијални проекти во областа, потпишан од страна на студиото Pitsou Kedem Architects.
Како што сугерира името, оваа резиденција се истакнува пред се со фактот што изгледа како еден вид современа верзија на пештера.
Резиденцијата во нивната верзија е луксузна, украсена и функционална, но и натаму ги носи карактеристиките на животниот простор во кој се живеело долго време пред појавата на современите куќи и станови.
Но, една од големите разлики е и тоа што „пештерата“ има голем извор на природна светлина, а дневната соба има прекрасен поглед на морето. Самиот простор е стар повеќе од сто години и сопствениците сакале целосно да го преуредат, и се чини дека архитектите успеале во тоа. Внатрешниот дизајн е главно минималистички и монохроматски, со само некои детали во жолта или сина боја кои ја освежуваат просторијата.