Овој дом е проектиран за големо семејство на кое му е најважно да ужива во животот, а со самото тоа и во своето непосредно опкружување. Секако дека желбата на секое семејство е среќен и хармоничен живот, но ова семејство избрало својот дом да го направи што потранспарентен и што повеќе растеретен од ситници, за да создадат поријатен простор за престој и дружење.
Куќата од 350 квадратни метри, симболично наречена The Big Family House се наоѓа на периферијата на литванскиот град Каунас и тоа што ја издвојува од соседите е нејзината просторна оријентација кон блиската шума од која често доаѓаат елени. Имено, сопствениците сакале посетата на овие животни да не помине неприметено и поради тоа од таа страна на куќата да бидат поставени големи прозори.
Оваа интересна задача е исполнета од архитектите од бирото ARCHISPEKTRA, кои куќата ја организирале во три волумени, секој од нив има благо искосена основа во однос на другиот. Со ваков дизајн постигнато е секој волумен да има своја функција, но и лична нота, велат архитектите за ArchDaily.
Најголемиот простор е неаменет за дневен боравок, трпезарија и кујна, а најмалиот за влезна зона покрај која се сместени бањата и котларницата.
Внатрешноста на куќата е проектирана на начин да се добие што е можно повеќе приодна светлина.
Плафоните, подовите, рамките на вратите, како и речиси целиот мебел изведени се од светло дрво, што во комбинација со бела боја, дополнително придонесува за транспарентност на просторот.
Оваа современа семејна куќа не е само оријентирана кон удобно домување, без вишок детали, туку воедно е и во соживот со природата, односно со шумата и животните.