Во рамките на „БИМАС 2014“ денес (14. 5. среда) во 19.30 часот во Музејот на град Скопје ќе се одржи предавање „Современа чилеанска архитектура“. Предавач ќе биде архитектот Франциско Диаз од Чиле, кој магистрирал на Колумбија Универзитетот во Њујорк, каде што работел на неколку проекти. Во моментов е професор на Архитектонскиот факултет во Сантијаго де Чиле.
Неговите сфери на интерес се архитектонската критика и анализа на ефектите, кои процесите на неолиберализмот ги има врз самата архитектура и урбаните градови. Негови статии се објавувани во престижни светски списанија за архитектура. Тој е еден од авторите и уредниците на книгата „Промискуитетни средби“ (Њујорк, 2014).