Насловна / Архитектура / Современ ре-дизајн на хрватскиот хотел Bellevue од 1967 година

Современ ре-дизајн на хрватскиот хотел Bellevue од 1967 година

Хрватскиот хотел Bellevue проектиран од архитектот Здравко Бреговац во 1967 година е реобликуван со посовремени детали од страна на руското архитектонско студио Rusan Arkitektura. Во постоечкиот атриум додадени се темни површини со цел да се создаде контраст помеѓу светлината и белите површини на оригиналната структура. Создадениот контраст темно-светло продолжува и на надворешната фасада прикажана преку брисолеите, со што се создава континуитет и баланс на идејата на руското архитектонско студио.

хотел-1 хотел-2 хотел-3 хотел-4

 

Исто така, додаден е стаклен ходник кој ги поврзува гостите со внатрешниот двор, со што целиот објект добива една поинаква димензија и истовремено подобро се интегрира со дворот. Внатрешните ѕидови се одликуваат со една мозаична структура дизајнирана од Валентина Бутумљевиќ, Дамјан Роце и Клара Русан.

хотел-5 хотел-6 хотел-7 хотел-8

Со ваквиот ре-дизајн на хотелот карактеристичниот линеарен стил на Бреговац е прекинат со геометризирани форми со што се задржува модерниот карактер на објектот, а притоа креирајќи поинтимна структура.

хотел-9 хотел-10 хотел-11 хотел-12

Испрати коментар

Scroll To Top