Овој нискобуџетен проект, проектиран за потребите на пензионер, е совршен пример дека тајландската архитектура, и покрај нејзината едноставност, може да биде доста возбудлива и оригинална.
Едноставниот начин на живот бара едноставен пристап кон изградбата, така што во овој случај главната идеја била да се создаде одржлива средина која целосно ќе ја следи околната природа. Сите соби се проектирани да имаат природна светлина и вентилација со прозорци од подот до таванот, додека автентичноста на ентериерот дополнително се истакнува со огромното скалило кое е стратешки лоцирано во центарот на едноставниот распоред.
Главните простории, вклучувајќи кујна и две спални соби, се наоѓаат на приземје во близина на градината, додека една посебна и доста пространа и застаклена дневна соба е резервирана за горниот кат, така што сопственикот може максимално да ужива во панорамскиот поглед. Овој дел од куќата може слободно да се нарече еден вид тајландски традиционален отворен павилјон, и дефинитивно се чини дека е најимпресивниот дел од домот.
За да се постигне принципот на просторна интеграција на функциите, се применува решетка на покривот со долг распон, додека склопливата форма на покривот овозможива инсталирање на помали олуци за дожд со цел да се намалат можните проблеми со одржувањето за време на сезоната на монсуните. Од друга страна, ролетните меѓу секоја падина на покривот служат за намалување на топлината, со што е овозможено природна вентилација за време на тропските денови.
Мебелот што се користел за опремување е целосно прилагодлив и може да се преуреди за да одговара на различни активности. Ова се претежно рециклирани и обновени парчиња изработени од локален дрвен отпад што на целиот простор му даваат посебен шарм и покажуваат дека едноставниот дизајн не мора секогаш да биде здодевен и безличен.