Дизајнерот на ентериери, Joseph Rua, го трансформирал својот стан во Валенсија во современ пентхаус со максимална функционалност.
Опишан како „кутија која е целосно изолирана и опкружена со две тераси“, овој стан совршено ги спојува дневните и ноќните потреби, односно, активностите на неговиот сопственик.
Чувањето на нештата е голем предизвик, со оглед на фактот што станот е со мали димензии, иако со терасите има 229 квадратни метри.
Првиот чекор во средувањето на ентериерот била трансформацијата на една од претходните тераси во главната спална соба. Дневниот престој е беспрекорно поврзан со надворешната тераса, давајќи му на просторот еден континуитет, и практично не се забележува разликата помеѓу екстериерот и ентериерот.
Просторијата во која се поминува поголемиот дел од денот, е од отворен карактер и содржи кујна и трпезарија, кои се поврзани со дневниот престој. Дел од кујната се крие зад лизгачки врати, со што е решен проблемот на складирање на работите. Значи, без естетски компромис. Веднаш штом ќе влезете во просторот, се добива впечаток на свежина и проѕирност поради многубројните детали од дрво, како и поради богатството на светлина која продира во внатрешноста.
Комбинацијата на белата боја и природните бои на дрвото го прават овој дом топол и пријатен, независно од современите и модерни елементи.