Со спојување на два стана во еден, добиен е современ пентхаус од 350 квадратни метри во главниот град на Бугарија.
Работен според проект на архитектонското биро KNOF design, изведен е ентериер со прозорци од подот до таванот, кои овозможуваат впечатлив панорамски поглед на Софија.
Сепак, фокусот во овој стан е ставен на колоритот. Иако во основа е бел, овој стан е се само не минималистички и „здодевен“.
Белата боја ја разбиваат елементи со изразени структури на дрво, перници во сини бои, зеленило… Во детската соба тоа е дури и повеќе од очигледно, каде што применетата палета на бои е многу храбра.
Клиентите барале светол, луксузен амбиент кој ќе биде во можност на најдобар начин да ја искористи големата количина на светлина што доаѓа од различни правци во текот на денот, пишува Freshome.
Со цел да се контролира нивото на интимност, но, исто така, и осветлувањето, на прозорците се ставени black-out завеси.
Бањите, исто така, се ефектни, заради мозаик плочките кои носат свежина и живост во просторот.