Насловна / Вести / Современ паркинг за 80 возила во Кавадарци

Современ паркинг за 80 возила во Кавадарци

20140724-20599ec586ab5cb1b2f9bb0e20c0a7ff

Интензивно се гради првиот модуларен паркинг во Кавадарци, информираше кавадаречкиот градоначаник Александар Панов.
„Станува збор за нов современ паркинг за 80 возила. Кавадаречкиот модуларен паркинг е втор од ваков тип во Македонија, по оној во општина Центар во Скопје. Се работи за површина од 1.100 метри квадратни во строгото градско подрачје, над паркот кај полицијата и е на две нивоа. Инвестицијата од 30 милиони денари е наша, сите средства се од буџетот на општина Кавадарци“, рече градоначалникот.makedonijakavadarci-mostnareciludamara
Со ова Кавадарци всушност го започнува процесот на решавање на дивото паркирање. Исто така, ќе стартува зонското платено паркирање, ќе се воведе јавно-приватно партнерство во оваа, важна сфера од градското урбано живеење, а граѓаните мора да се навикнуваат и да плаќаат за паркирање.

Испрати коментар

Scroll To Top