Луѓето од студиото за внатрешен дизајн Semerene Arquetetura Interior се автори на современиот ентериер на стан од 70 метри квадратни во Бразилија. Станот претставува мултифункционален простор соодветен на модерниот животен стил на младиот брачен пар кој живее во него.
Централен елемент во проектот е полицата изработена од метал, што истовремено претставува полица за книги, биро и трпезарија. Кујната и сервисните делови се доведени до минимум и се организирани линерано во просторот. Останатите простории се одвоени со подвижни панели, кои можат да бидат затворени за поголема интимност или отворени за поголем простор.
За изработка на мебелот и уредување на останатиот простор, употребени се неутрални и природни материјали како што се дрвото и бетонот. Целокупниот дизајн може да се дефинира како индустриски стил со контраст на живите бои застапени кај мебелот и ѕидовите на дневната просторија.