Овој стан од 80 квадратни метри во центарот на Прага има подови, ѕидови, па дури и осветлување од плута.
Плута е природен материјал погоден во градежништвото, бидејќи е многу лесен и има добри технички карактеристики. Добрата страна на плутата е што за нејзиното создавање не е потребно сечење дрва, бидејќи е направена од дрвена кора која самата се регенерира.
А дека се работи за естетски пријатен материјал зборува и овој стан чиј внатрешен дизајн го потпишува чешкото биро Formafatal.
Подот од плута се протега речиси по целиот стан, вклучувајќи ја и кујната.
Секоја просторија во станот има ист тон, а тоа е постигнато со тоа што плутата ја има на секој чекор. Во кујната, плутата сјајно се согласува со кујнските елементи со сивкаста боја, пишува Architizer.