Насловна / Ентериери / Современ ентериер наречен „Длабоко во природата“

Современ ентериер наречен „Длабоко во природата“

dn_081214_13-940x627

PlusP Designers го создаваат овој ентериер на стан во Макао, кој е работен по нивна замисла, а проектот го нарекле „Длабоко во природата“.

dn_081214_14-630x420

Централен фокус по кој се водат е дрвото како значаен дел од природата, со што пристигнувањето во домот треба да предизвика чувство на смиреност, удобност, враќање кон човековата природа и хармоничност со животот.

dn_081214_02-630x420

Токму затоа архитектите се одлучуваат за употреба на мотиви инспирирани од дрвjaтa. Тие се интересно имплементирани во овој простор и имаат цел да направат сопствениците да се почувствуваат како дел од природата. Ентериерот создава место за уживање и чувство на вистинска слобода дури и меѓу четирите ѕидови од домот.

dn_081214_17-630x420 dn_081214_18-940x627
Терасата е намерно проширена за да се создаде повеќе пространост, во дел од подот дополнета со природни камчиња кои го збогатуваат ефектот на природност.

dn_081214_19-630x943

dn_081214_20

dn_081214_23-630x420

Но во станот освен мотивите на дрвја, се среќаваат и други комбинации на суровини, кои перфектно се надополнуваат.

dn_081214_11-630x420
Апстрактните гранки во станбениот простор се акцентирани со висечки светилки, така што местото добива еден превез на мистериозност.

dn_081214_07-630x420 dn_081214_01-630x943 dn_081214_21-630x420
Земјените тонови и изборот на природни материјали уште повеќе ја нагласуваат природноста и за сигурно го оправдуваат името „Длабоко во природата“.

dn_081214_10-630x943

Испрати коментар

Scroll To Top