Овој современ апартман дизајниран од страна на дизајнерката Марта Горд во Санкт Петерсбург претставува простор во кој доминира неутралната палета на бои и употребата на дрвени елементи. Дневната просторија, кујната и трпезаријата се поставени во еден простор, меѓутоа одвоени со специфична обработка на ѕидот, што завршува со дрвени елементи како декорација.
Просторот во спаланата и детската соба е јасно поделен на дел за спиење и дел за работа/занимација, а посебно избраниот мебел му дава економичност на просторот со овозможување на дополнителни простори за складирање.