Дизајниран од страна на Денис Красиков, овој апартман во Прага го претставува совршениот ентериер во скандинавски стил кој се одликува со едноставност и функционалност. Во просторот преовладува белата боја надополнета со сиви нијанси на мебелот, геометриски шари и жолта и црна боја на одредени елементи. Карактеристично за овој апартман е видливата кровна конструкција и креветот за спиење кој е поставен на издигнато ниво од дневниот простор.