„Сотогранде“ е исклучителен и ексклузивен станбен комплекс близу Кадиз, Андалузија, Шпанија. Жителите на „Сотогранде“ се богати и познати, политичари, актери, па дури и членови на кралското семејство.
Овој исклучителен имот, што денес го претставуваме како дел од „Сотогранде“, има совршени градини и тераси, отворен и затворен базен, тениско игралиште, доволен простор во гаражата за осум автомобили…
Вилата има три ката, девет спални соби и девет бањи, и вкупно 3.000 м2 простор за живеење. Тука се, исто така, и кино сала, игротека, винарска визба и одлично опремена сала за вежбање.
Овој имот се наоѓа на „Коста дел Сол“ и претставува нешто најлуксузно што во овој дел на светот може да се види. Опкружен е со други богати и луксузни вили, како и спортски објекти со сите оние елементи кои богатите и славните ги сакаат во својата близина. Се разбира, во согласност со нејзините станари, во оваа област, исто така има и луксузна марина.
Овој имот е се уште во фаза на комплетно завршување, а цената ќе му биде околу седум милиони евра.