Насловна / Арт и дизајн / „Сотебис“ во исчекување на Рембрант, Пикасо и милиони евра

„Сотебис“ во исчекување на Рембрант, Пикасо и милиони евра

Аукциската куќа „Сотебис“ утре ќе одржи прва лицитација во живо од избивањето на епидемијата на коронавирусот во Лондон, на која, меѓудругото, ќе се најдат дела на Рембрант, Миро, Пикасо, Хокни.

На аукцијата ќе бидат понудени 71 дело од од европската историја на уметност, од Ренесанса до европската авангарда, пренесува Ројтерс.

rem_resize

Рембрант

Сликата на Рембрант е автопортрет на уметникот со црна шапка, еден од само три кои се останати во приватна сопственост. Очекуваната цена е од 12 до 16 милиони фунти. Една од сонливите слики на Миро, „Жена со црвена шапка“ од 1927. година, прикажува жена на впечатлива сина позадина. Проценета е на 20 до 30 милиони фунти.

миро_resize

Миро, „Жена со црвена шапка“

Сликата на Давид Хокни „Базен во облачен ден“ во приватна сопственост е проценета од четири до шест милиони фунти.

Пикасовата слика е заводлив цртеж на неговата љубовница Мари-Терез Валтер „Заспана жена“. Проценетата вредност на цртежот е од шест до девет милиони евра.

Проценките се дека оваа аукција би можела да донесе од 141 милиони до 230 милиони евра.

пикас_resize

Пикасо „Заспана жена“

хокни_resize

Хокни, „Базен во облачен ден“ 

Испрати коментар

Scroll To Top