„Отворен“ и „слободен“ се можеби двата клучни збора кои најдобро го опишуваат флексибилниот и неконвенционален простор наменет за состаноци, работилници и конференции во Франкфурт. Просторот им се изнајмува на компаниите доколку сакаат да им овозможат на вработените поопуштено место за креативни состаноци надвор од своите канцеларии.
Дизајнот на ентериерот ја држи линијата на груб и едноставен индустриски односно фабрички концепт. Материјалите и атмосферата го доловуваат амбиентот на канцелариите од 60-тите години на минатиот век. Проектот е дело на VON M.