Насловна / Вести / Соработка на ЕУ и малите островски држави, за унапредување на отпорноста на еколошките предизвици

Соработка на ЕУ и малите островски држави, за унапредување на отпорноста на еколошките предизвици

Четвртата Меѓународна конференција за малите островски држави во развој (SIDS4), ќе се одржи на крајот на мај во Сент Џонс (Антигва и Барбуда), под тема која се однесува на трасирање на курсот кон отпорна иднина. Пред оваа Конференција, Советот на Европската унија изнел некои од најзначајните заклучоци кои се однесуваат на моменталната положба на овие држави, како и начините на кои ЕУ им пружа поддршка за изградба на подобра отпорност.

За островските држави на Карибите, Пацификот, Атлантикот, Индискиот океан и Јужното кинеско море, секоја промена може да доведе до сериозни проблеми. Тие се посебно изложени на климатските промени, односно порастот на нивото на морињата. ЕУ и нејзините држави членки, блиско соработуваат со овие островски држави во праведната и правична транзиција на енергетските системи. Притоа, ЕУ истакнува дека ќе продолжи да ја зајакнува оваа соработка со цел равој и имплементација на т.н национално утврдени придонеси (NDC). Зелените партнерства вклучуваат поддршка на ЕУ за овие држави и кога станува збор за имплементација на Глобалната рамка за биодиверзитет, но и за загадувањето со пластика, обнова на земјиштето, отпорност на суша и др. Исто така, ЕУ и нејзините држави членки се најголемите донатори на овие земји за постигнување на целите на одржливиот развој.

Ова се само некои од примерите за поддршка на ЕУ на овие островски држави. Иако мали и недоволно развиени, но и исклучително ранливи, тие добиле признание од ЕУ за својот придонес во одржливиот развој, борбата со климатските промени и заштитата на животната средина.

 

Испрати коментар

Scroll To Top