Шкотскиот виски и беспрекорните часовници секогаш оделе заедно, рака под рака.
Се разбира, можеби уште некои други работи недостасуваат во оваа равенка, но за тоа друг пат. Денес ќе се фокусираме на уникатната соработка на швајцарската марка Urwerk и шкотскиот дестилациски бренд The Macallan.
Ова партнерство, како резултат на нивната соработка, реализира посебно hi-tech џебно шише (плоска) за виски, направено од комбинација на алуминиум, титаниум и нерѓосувачки челик. Ова прекрасно шише има интригантен дизајн, завршува со помош на специјален чеп и е украсено со единствениот индикатор на видот на вискито со кое е наполнето.
Рачката што ги поврзува „окинувачот“ со шишето има скриени детали, а самото шише има две титаниумски комори, кои овозможуваат носење на два различни видови на виски. Специјалното грло на шишето, е изработено од нерѓосувачки челик.
Се разбира, овој дизајн е создаден како едиција со ограничено издание – само 500 парчиња ќе бидат достапни низ целиот свет, и секое од нив ќе чини околу 2500 евра.