Соопштение на МЖСПП за состојбата со квалитетот на водухот
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките за 22.06 .2021 се благо надмината на речиси сите мерни места, освен на мерното местпо во Гевгелија.
Во прилог е табелата со измерените среднодневни концентрации на ПМ 10 честичките.
При анализа на квалитетот на воздухот се зема предвид и временската прогноза која ја добиваме од УХРМ. Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење на топла воздушна маса која носи прекугранична прашина (се претпоставува дека станува збор за пустински ветер) и истиот може да продолжи и во наредните денови. Од таа причина забележано е надминување на среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките и на мерното место во Лазарополе, каде во вообичаени услови нема надминувања.
Во врска со забележаната висока вредност на ПМ 10 суспендираните честички на мерното место Ректорат и Миладиновци известуваме дека е резултат на прекин на напојување со електрична енергија при што настанува прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартираат, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случуваат поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни.
Исто так,а во тек е консултација со Државниот инспекторат за животна средина за проверка на евентуално други можни извори на загадување.