Насловна / Вести / Сообраќај: Шпанците го укинуваат триаголникот и воведуваат LED светло како посигурна варијанта

Сообраќај: Шпанците го укинуваат триаголникот и воведуваат LED светло како посигурна варијанта

Поради големиот број на сообраќајни несреќи во кои возачите и патниците страдале при поставување на сигурносниот триаголник зад расипаното возило, Шпанија одлучила овој традиционален знач да го замени со современо решение – LED светло. На предлог на Министерството за сообраќај, шпанските законодавци донеле одлука од 01.01.2026 година, сите возила на шпанските патишта да имаат V-16 LED светло. Оваа светилка лесно се поставува на металните површини на автомобилот, а се препорачува да се постави на кровот заради подобра видливост. Трепкачкото портокалово светло ќе биде предупредување за останатите учесници во сообраќајот за запреното возило или за сообраќајна незгода. Ефикасноста е потврдена со низа тестови спроведени од страна на шпанската државна агенција, пред да се издаде согласноста за употреба.

Дополнителна предност на V-16 LED светлото е вградениот геолокациски систем кој им овозможува на надлежните служби брзо да го лоцираат возилото во дефект или местото на несреќата, и брзо да испратат помош. Светлото автоматски испраќа сигнал на секои 100 секунди, а престанува со емитување со едноставно исклучување на уредот.  Цената на уредот е 40 евра, а за непоседување возачите ќе бидат казнети со 200 евра.

Испрати коментар

Scroll To Top