Соње Трис

10731295_10152552202657736_2010705222_o

Следниве три проекти произлегуваат од барањето на инвеститорот да се изнајде најприфатливо решение за нивниот начин на живеење, за кој сè уште немаат прецизни идеи. Плацот се наоѓа во oпштина Сопиште, област со спонтан зонален карактер, сè уште недефинирана од каков било просторен план. Оваа општина сè повеќе станува интересна за граѓаните од скопскиот хаос. Се карактеризира со убава природа, чист воздух, висока надморска височина и целосна ориентираност кон југ (од другата страна на Водно). Отсуството на какви било урбани правила, ни користи како дополнителна слобода во изразувањето, каде преку овие три примери сакаме да го изнајдеме најдобриот начин на поставеност. Генерално, со постоечките закоравени правила на домашното просторно планирање, секоја маневра за инвентивна архитектура уште на почетокот е осудена на монотоност, повторливост и баналност.

Во Скопје не се практикува премногу културата за користење на просторот, поради која причина се гради доста грубо и лошо, без да се има минимално чувство за колективната и просторната околина, па дури и кога станува збор за приватен плац. Овој труд и продлабочување претставува токму еден таков обид. Сите три решенија се стремат, преку еднократен израз да искомуницираат типолошки манири преку чија архитектура би се исфорсирал поеластичен животен тек. Во сите три правци се бара најдобар начин на заштита на природната топографија на теренот и, пред сè, искористеност на бенефитот од руралното опкружување.02_versione_A_ prizemje_100_render_1

Прво решение „Бранова должина“

Првото решение „Бранова должина“ (по песната на „Леб и сол“) се поставува надолжно, со цел да го искористи капацитетот долж парцелата и преку закршени дворски плочи да се одржи природниот тек на земјиштето. Со тоа, како и во другите две решенија, би се заштитило земјиштето од уништување со потпорните ѕидови и со тоа девалвирање на природното добро. Не му се дава значење на влезот, бидејќи поставеноста се потенцира преку внатрешната организација, од каде се создава разиграност на визури преку благите висински коти кои ја следат куќата. Јачината на теренската искршливост се изразува и преку базенот каде се создава живописен водопад кој ја дополнува проектантската врелина.02_versione_B_ prizemje_100_var_2

Второ решение „Палуба“

Второто решение „Палуба“ повторно се обидува да ја заштити топографијата, во случајов издигнувајќи ја куќата преку подземен подрум на висина на влезот, изразувајќи ја на тој начин типолошката батерија во однос на косиот природен пад. Во оваа варијанта се нагласува поголемата затвореност и приватност на внатрешноста од надворешноста, каде ноќната зона претставува еден вид на физичка граница, прегратка во затечената природна целина. Дневната зона се наоѓа на јужниот раб и дополнително се проширува преку затворена тераса, која доминира со пејзажот. Страничноста на базенот дополнително го акцентира тоа.02_versione_C_ prizemje_100_var_03Sonje tris publikacija-6

Трето решение „Зајди зајди“

Третото решение со назив „Зајди зајди“ е поистоветено со традиционалната македонска песна која, исто како и во случајов, го опејува живописниот предел каде би се поставила куќата. Затоа ова решение е покомпактно поставено и концентрирано во постоечкиот природен пад. Кривулестиот дел на плочата го следи заоѓањето на сонцето од исток кон запад, организирајќи ја внатрешната разиграност на функционалната содржина.

Испрати коментар

Scroll To Top