Насловна / Вести / Сонгдо, Јужна Кореја: Паметен град изграден од „нула“

Сонгдо, Јужна Кореја: Паметен град изграден од „нула“

Меѓународната деловна зона Сонгдо (Songdo International Business District) во северозападниот дел на Јужна Кореја, е една од најголемите и најимпресивните групни инвестиции за недвижности во историјата. Станува збор за „паметен град“, поточно кварт вреден околу 40 милијарди долари кој се простира на површина од 6  квадратни километри покрај Жолтото море.  Сонгдо е во сопственост на три компании – американски посредник за недвижности Gale International (61 %), јужнокорејска фабрика за челик POSCO (30 %) и американска инвестициска банка Morgan Stanley Real Estate (9 %).

сонгдо1

сонгдо2

Осмислен е уште во 2001 година како самоодржлив еколошки и високотехнолошки „град“ со 80.000 станбени единици, 5.000.000 метри квадратни деловен простор и 990.000 метри квадратни за услужни дејности. Иако не е изграден до крај според првичната идеја, денес во Сонгдо живеат 165.000 луѓе. Сонгдо се гордее со 40% зелени површини, вклучувајќи го и паркот Songdo Central Park, чиј изглед е инспириран од својот имењак во Њујорк, и кој бил локација за снимањето на спотот на мегахитот Gangnam Style од 2012 година. Има и 26 километри велосипедски патеки, како и бројни станици за полнење на електрични возила. Во зградите и улиците вградени се сензори кои собираат информации за потрошувачката на енергија и вода. Има и напреден систем на рециклирање на отпадот. Сонгдо е првиот кварт во Јужна Кореја во која сите поважни згради имаат LEED сертификат за зелена градба, вклучувајќи го и првиот хотел со овој сертификат во Јужна Кореја  – Sheraton Incheon,  првиот резиденцијален облакодер и првата конгресна сала во Азија.

сонгдо3

сонгдо4

Испрати коментар

Scroll To Top